По седум одржани натпреварувачки сесии во текот на четири дена, Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions ги објави победниците во натпреварот за млади креативци Young Lions за 2023 година.
Натпреварите Young Lions, кои се спонзорирани од Adobe, се во срцето на Cannes Lions School. Тие отелотворуваат вистинска прослава на креативноста ширум светот каде што младите професионалци имаат можност да ги покажат своите таленти и достигнувања. Сите пријавени беа оценети од членовите на жирито на Cannes Lions во живо во Кан, а сега се објавени добитниците на златни, сребрени и бронзени награди.
За прв пат, натпреварувачите одговараа на брифови од двајца Топ иноватори од uplink програмата во партнерство со Deloitte.
Победниците на натпреварот Young Lions за 2023 година се следниве:
- Design
Натпреварувачката категорија Young Lions Design се фокусира на создавање ефективен, префинет и атрактивен бренд идентитет. Оваа година, младите креативци беа брифирани да создадат бренд идентитет кој ефикасно ја пренесува мисијата на Rocket Learning да го поттикнува развојот и напредокот на децата преку образование.
Злато
Кетрин Јуен, креативен директор, Ogilvy, Доминиканска Република
Габриела Санчез, креативец, Ogilvy, Доминиканска Република
Наслов на проект: „Rocket Learning Redesign“
Сребро
Камила Кабра, арт директор, Sancho BBDO, Колумбија
Алехандро Орјуела, копирајтер, Sancho BBDO, Колумбија
Наслов на проект: „YouRockEt!“
Бронза
Робин Винчестер, помлад дизајнер, In The Company Of Huskies, Ирска
Џејмс Стедмонд, помлад дизајнер, In The Company Of Huskies, Ирска
Наслов на проект: „Rocket Learning Brand Refresh“
- Digital
Во категоријата Young Digital Lion, која се фокусира на развојот на дигитална кампања, учесниците беа предизвикани да создадат кампања која ја менува перцепцијата за центрите Anganwadi во Индија, за непрофитната организација Rocket Learning.
Злато
Кејси Кларк, копирајтер, Dig, Австралија
Зак Наирн, арт директор, Dig, Австралија
Наслов на проект: „Little Learners League“
Сребро
Раај Хусеин Али Керај, сениор менаџер за дигитално и корисничко искуство, Adcom Leo Burnett, Пакистан
Еза Сајед, креативен менаџер, Adcom Leo Burnett, Пакистан
Наслов на проект: „MaAI“
Бронза
Лусија Пресенсио Ортиз, арт директор, SAMY Alliance, Шпанија
Рикардо Хонтањон Помбо, директор на стратегија за брендинг и кампањи за Европа, SAMY Alliance, Шпанија
Наслов на проект: „Gamemeficated Learning“
- Film
Натпреварувачите во категоријата Young Lions Film имаа за цел да создадат прекрасно филмско дело кое истовремено ќе биде влијателно. Брифот за овогодинешниот натпревар во оваа категорија се фокусираше на подигање на свеста кај мајките во Индија да преземат одговорност за образованието на нивните деца преку Rocket Learning.
Злато
Рафаел Џанан Куппасами, интегриран арт директор, Joe Public, Јужна Африка
Бернис Пуленг Мосала, копирајтер, Joe Public, Јужна Африка
Наслов на проект: „Your Home A Classroom“
Сребро
Кори Хансен, копирајтер, Milestone Integrated Marketing, Канада
Ентони Куран, филмски дизајнер, Milestone Integrated Marketing, Канада
Наслов на проект: „Piece it together“
Бронза
Палак Кападиа, копирајтер, Amazon Brand Innovation Lab, САД
Катарина Баркала Госенде, арт директор, MullenLowe, САД
Наслов на проект: „The Lifelong Lesson“
- Media
Натпреварот Young Lions Media се фокусира на тоа како младите професионалци користат стратешко размислување и иновативни пристапи за да решат важен маркетиншки предизвик. Овогодинешниот бриф го даде Net Zero, непрофитна организација која се фокусира на мобилизирање на младите луѓе да преземат акција за климатските промени. Притоа, на натпреварувачите им беше даден предизвик да креираат стратегија која ги активира и обединува гласовите на младите луѓе со цел да создадат план за акција.
Злато
Хјуне Ким, арт директор, Daehong Communications, Јужна Кореја
Сеојул Сонг, арт директор, Daehong Communications, Јужна Кореја
Наслов на проект: „The Lower, The Better“
Сребро
Николас Телез Карденас, копирајтер, DAVID, Колумбија
Џонатан Родригез Лопез, копирајтер, DAVID, Колумбија
Наслов на проект: „The Stone Movement“
Бронза
Софија-Марија Крамер, копирајтер, Jung von Matt, Швајцарија
Ана Габриела Отликер, менаџер за дигитален маркетинг, Jung von Matt, Швајцарија
Наслов на проект: „Adivism“
- Marketers
Фокусирајќи се на основата на креативната работа што ја ангажира својата публика, категоријата Young Lions Marketers е насочена кон создавањето силен и ефективен бриф. Предизвикот за оваа година го даде Net Zero, насочувајќи ги младите креативци да создадат кампања што ќе го трансформира наративот околу климатските промени со цел да ги инспирира поединците да преземат акција.
Злато
Мајк Миура, менаџер за комерцијална маркетинг стратегија, Maple Leaf Sports & Entertainment, Канада
Рајан Грипо, соработник за комерцијална стратегија, Maple Leaf Sports & Entertainment, Канада
Наслов на проект: „Score for the planet“
Сребро
Конрад Скоген, бренд менаџер, Orkla Confectionery & Snacks Norway, Норвешка
Катрине Енџа Стак, бренд менаџер, Orkla Confectionery & Snacks Norway, Норвешка
Наслов на проект: „Not all Superheros wear capes“
Бронза
Шерон Рју, помошник менаџер, SK telecom, Јужна Кореја
Хајун Парк, помошник менаџер, SK telecom, Јужна Кореја
Наслов на проект: „Make narrative win“
- PR
Натпреварувачката категорија Young Lions PR бара од своите учесници да креираат иновативна ПР стратегија. Брифот го даде EcoTree, невладина организација која одржливо управува со шумите и екосистемите, која што побара од натпреварувачите да создадат ПР стратегија што ефективно ја пренесува нивната понуда на јаглеродни кредити.
Злато
Џуди Бакие, менаџер за интегрирани комуникации, Gambit Communications, Блиски Исток и Северна Африка
Сара Алсалем, акаунт менаџер, Gambit Communications, Блиски Исток и Северна Африка
Наслов на проект: „#Bestbadinvestment“
Сребро
Мили Клаут, менаџер за односи со јавноста, Howatson+Company, Австралија,
Бела Хејс, директор за односи со јавноста, Howatson+Company, Австралија
Наслов на проект: „Pay Zero Sale“
Бронза
Роуан Ел-Говеини, копирајтер, Innocean Berlin, Германија
Одил Брефа, виш стратег, Innocean Berlin, Германија
Наслов на проект: „Nature’s Monthly Allowance“
Натпреварувачката категорија Young Lions Print ги предизвикува младите креативци да направат извонредна, впечатлива и уникатна принт реклама. Овогодинешниот бриф беше даден од EcoTree, кои што од младите креативци побараа да ја објаснат премисата на EcoTree во едно клучно визуелно решение.
Злато
Џо Сејер, арт директор, The Leith Agency, Обединето Кралство
Марион Миранда, копирајтер, The Leith Agency, Обединето Кралство
Наслов на проект: „The Growing Graph“
Сребро
Хуан Андрес Кеборк, копирајтер, Innocean Berlin, Германија
Алехандро Габарда, арт директор, Jung von Matt Spree, Германија
Наслов на проект: „Banknote Trees“
Бронза
Марија Бранко, копирајтер, JUDAS, Португалија
Карлота Реал, арт директор, JUDAS, Португалија
Наслов на проект: „Hack The Game – Plant a Tree IRL“
***
Повеќе информации за натпреварот Young Lions може да се најдат на следниот линк: https://www.canneslions.com/initiatives/competitions.