На добитниците на престижните Mark Awards признанија им беа врачени наградите на свечена церемонија, во организирација на Маркетинг мрежа. Наградите им беа доделени на експерти од компании во Србија за личен деловен и професионален успех.
За наградите годинава беа номинирани дури 49 експерти, а стручното жири одлучи да награди 11 од нив, кои оставија белег на српскиот пазар во 2020 година.
Во категоријата Chief Marketing of the Year, наградата и` припадна на Наташа Павловиќ, Chief Marketing Officer во компанијата Mercator-S, додека Сања Бушиќ, Marketing Lead South Central Europe and Baltics во компанијата PepsiCo е добитник на признание во категоријата Chief Marketing of the Year – Multi Country.
Иван Жагар, Senior Brand Manager, Jaffa Crvenka е прогласен за добитник во категоријата Brand Manager of the Year. Жељка Ќириќ Јаковљевиќ, директор на одделението за ПР и односи со медиумите во Banca Intesa се истакна во категоријата PR/Corporate Communications Manager of the Year, a Тина Миличиќ, сениор специјалист за employer brending и култура во Atlantic Grupa е добитник во категоријата Employer Branding/Internal Communications Manager of the Year.
Digital Marketing Manager of the Year е Маја Марковиќ, Head of Media во Mercator-S, а CSR Manager of the Year е Тијана Копривица, директор за одрживо работење во компанијата Delta Holding.
Ања Џуриќ, Marketing Manager во компанијата Donesi, освои награда во категоријата Rising Star of the Year, за маркетинг професионалци до 30 години. Миодраг Маринковиќ, Marketing Manager во компанијата Frikom ја освои титулата Brand Innovator of the Year, додека Наташа Сарчевиќ, директор за маркетинг и иновации во компанијата Atlantic Štark е добитник во категоријата Super Hero of the Year, за маркетери кои и покрај кризата со ковид-19, беа храбри и во 2020 година ги прилагодија своите кампањи и активности и продолжија да комуницираат со потрошувачите.
На предолг од членовите на жирито, на Нашата Џурџевиќ, Category Director во компанијата The Coca-Cola Company Central Eastern Europe, доделено и е специјално признание за личен придонес во развојот на струката во Србија.
Жири комисијата на Mark Awards ја сочинуваа 15 угледни професионалци – директори на компании, директори на креативни, ПР и дигитални агенции, како и по еден претставник од организаторот, односно стручните медиуми од Србија. Оваа година жирито работеше во состав: Александра Џурџевиќ, CEO, Delta Auto Group & Vice President, Delta Holding; Борислав Миљановиќ, CEO, Represent System; Данка Трбојевиќ, Managing Director, DRIVE Agency; Дејан Рандиќ, Founder & CEO, DNA Communications; Дејан Турк, CEO, A1 Srbija & A1 Slovenija; Ива Џурковиќ, Managing Director, OMD Media & LUNA TBWA Beograd; Ивана Парчетиќ Митиќ, Founder & CEO, Marketing mreža; Јелена Брајовиќ Добријевиќ, Deputy Managing Director, SIVO; Јелена Ристиќ, Country Manager Serbia, Montenegro & BiH, Mastercard; Марјана Давидовиќ, Country Manager Adriatic South Hub, Nestle Adriatic; Михајло Јанковиќ, CEO, MK Group; Миливој Џорџиќ, General Manager Adria Region, SmartPoint Adria; Наташа Филиповиќ, Managing Director, Ovation BBDO; Ненад Мишчевиќ, CEO, Nectar Grupa и Никола Папак, New Business Director, Two Rivers.
Целта на Mark Awards наградите е да ги поттикне и мотивира експертите за маркетинг и комуникација од компаниите во Србија, но и да и` укаже на стручната јавност на нивните потенцијали, таленти, креативност и способност за постигнување врвни деловни резултати и препознатливост на брендот. Mark Awards е награда со која стручниот портал Marketing mreža сака да промовира професионални примери, но и да придонесе за унапредување и развој на професијата во Србија.
За разлика од другите стручни награди на српскиот пазар, Mark Awards се доделуваат на поединци за личен деловен и професионален успех, односно на поединци кои оставиле белег на пазарот на маркетинг комуникации во Србија во претходниот период.
Премиерно претставен филмот за развојот на домашните брендови
Во рамки на бизнис настанот Mark Awards, беше организирана и премиера на првиот долгометражен документарен филм за развојот на домашните брендови во Србија, насловен „Ве купија засекогаш“, кој Маркетинг мрежа го сними во соработка со dme.video продукција. Визуелното решение на филмот го потпишува агенцијата Ovation BBDO, а филмот го поддржаа компаниите Grand kafе, Atlantic Stark, Forma Ideale, Mercator-S и Delta Holding.
Снимањето траеше три дена на три локации, а во филмот зборуваат 15 маркетинг директори, директори за комуникации и бренд менаџери на најуспешните брендови во Србија. Низ седум клучни теми тие даваат преглед на раѓањето на брендот, растот и развојот, трансформацијата и ребрендирањето, но зборуваат и за екс-ЈУ брендовите, како и за тоа која е целта на брендот и каква е неговата иднина.
„Во Србија, но и во регионот, никој досега не се занимавал со брендовите преку документарен филм. Сметавме дека омилените брендови на потрошувачите во Србија заслужуваат да го добијат својот простор и да ја раскажат приказната за нивниот развој. Филмот „Ве купија засекогаш“ дава уникатен преглед на развојот на домашните брендови, од гледна точка на луѓето кои секојдневно ги создаваат и градат тие брендови. Овој филм е сведоштво за едно време и успешни бренд приказни, но е и видео кое го оставаме како наследство на идните генерации на маркетинг експерти во Србија“, изјави Ивана Парчетиќ Митиќ, основач на Маркетинг мрежа и креатор на филмот.
Потсетуваме дека Маркетинг мрежа во 2020 година го сними првиот долгометражен документарен филм за развојот на рекламната индустрија во Србија, наречен „Креативен ген“. Филмот го опфаќа периодот од 2008 до 2020 година, а во него учествуваат 15 директори и креативни директори на агенции во Србија, кои преку седум клучни теми даваат преглед и ретроспектива на развојот на адвертајзингот во Србија.
Партнерски агенции на проектот Mark Awards се Ovation BBDO, SIVO и LUNA \ TBWA Белград.