Двата најголеми весници во САД Њујорк Тајм и Вашингтон Пост, освоија пет Пулицерови награди за најдобра новинарска работа во изминатата година.
Универзитетот Колумбија во Њујорк, минатата недела ги додели највисоките награди за новинарската работа, а меѓу добитниците, најмногу награди добија двата најголеми дневни весник, Њујорк тајмс и Вашингтон пост. Печатените медиуми зедоа 70 отсто од наградите, а меѓу победниците имаше 12 мажи и 5 жени.
Наградата за “Јавна служба”, ја доби весникот од Јужна Флорида “Сан Сентинел“ за откривање на пропустите на училиштата и органите на јавниот ред и мир пред и за време на крвопролевањето во средното училиште во Паркленд кое се случи во февруари 2018 година.
Наградата за “Ударни вести” ја освои екипата на “Питсбург Пост-Газета“ за покривање на масакрот во синагогата во минатиот октомври.
Најдобри во категоријата “Истражувачко новинарство” беа Хариет Рајан, Мет Хамилтон и Пол Прингл од Лос Анџелес Тајмс за известувањето за гинекологот од Универзитетот на Јужна Калифорнија, кој е обвинет за насилство врз млади жени во текот на 30 години.
Во категоријата на “Објаснувачко известување” беа наградени со Дејвид Берстоу, Сузан Крег и Рас Бутнер од Њујорк Тајмс за 18-месечната истрага за финансирањето на претседателот Доналд Трамп која откри даночно затајување и го поби тврдењето на Трамп дека со сопствени сили го создал своето богатство.
Најдобро “Локално известување” имаше екипата од редакцијата на The Advocate од Батон Руж, Луизијана, кои пишувале за дискриминаторски систем на казнување, кој им овозможил на судовите да ги затвораат обвинетите без консензус на поротата за казните.
Најдобро “Национално известување” имаше екипата од редакцијата на Волстрит Журнал поради откритието дека Доналд Трамп во текот на претседателската кампања тајно им плаќал на две жени кои тврделе дека имале афера со него.
Најдобро “Интернационално известување” е доделено за две екипи: Меги Мајкл, Маад ал-Зикри и Нариман Ел-Мофти од Асошиејтед Прес за серијата на извештаи за воените страдања во Јемен, вклучувајќи ги и приказните за децата војници, мачење на затворениците и кражбата на хуманитарната помош во храна, а Wa Lone, Kyaw SOE Oo и тимот на Ројтерс се наградени за откритието дека војниците и будистички селани се одговорни за систематско отстранување и убиството на муслиманите во Мјанмар (Wa Lone и Kyaw SOE Oo беа уапсени и затворени во Мјанмар заради овие извештаи ).
Во категоријата “Feature Writing” е наградена Хана Драер од ProPublica за серијата извештаи за салвадорските имигранти кои живеат во Њујорк и кои се вклучени во разбивање на MS-13 бандите.
Најдобар “Коментар” напиша Тони Месинџер од St. Louis Post-Dispatch за серијата на колумни за тоа како сиромашните затвореници од државата Мисури наплатуваат за времето кое го поминуваат во затвор или на условна слобода и кои должат повеќе од нивните високи парични казни или судски трошоци.
Најдобар во категоријата “Критика” беше Карлос Лозада од Вашингтон Пост за текстовите од разните книги за властите и американските искуства.
Во категоријата “Редакциско пишување” награден е Брент Стејплс од Њујорк Тајмс за опишување на расните разлики во САД во еден клучен момент за земјата.
Во категоријата “Редакциски Карикатури” награден е флиленсерот Дарин Бел за цртежите кои се однесувале на лагите, лицемерието и превирањата во администрацијата на Трамп.
Во категоријата на “Фотографија за Ударни вести” наградена е екипата на Ројтерс за визуелни приказни за очајот на мигрантите кои патуваа во САД од Централна и Јужна Америка.
Во категоријата “Feature Photography” награден е Лоренцо Тугноли од Вашингтон Пост за фото сторителинг за гладот за време на војната во Јемен.
Специјална награда му е доделена на „Капитал газета“ за известувањето и храброста за масакрот во сопствената редакција во Анаполис, Мериленд. Во нападот загинаа пет новинари, а весникот сепак излезе од печат наредниот ден. Фондацијата Пулицер донираше 100.000 долари за оваа редакција за поддршка на развојот на новинарството.
Постхумно беше врачена Пулицерова награда и за Арета Френклин, која почина во август минатата година за нејзиниот петдецениски придонес во американската музика и култура.
Пулицеровата награда, која се доделува во 21 категорија, е воспоставена во 1917 година. Го носи името на американскиот новинар и издавач роден во Унгарија, Џозеф Пулицер (1847-1911).
Целосната листа на добитниците на Пулицеровата награда за 2019 година можете да ја најдете ТУКА.