Минатиот петок беа доделени наградите Effie за најефективните маркетинг кампањи на словенечкиот пазар за 2023 година, во организација на Словенечката огласувачка комора (СОЗ) и Словенечкото здружение на огласувачки агенции (СЗОА).
На настанот беа доделени две златни, три сребрени и четири бронзени Effie награди за маркетиншка ефективност, а шест кампањи добија признание кое им се доделува на финалистите. Доделени беа и две специјални награди – наградата за ефективна употреба на истражување што ја доделува Институтот за истражување на пазарот и медиумите Mediana, како и специјалната награда на студентското жири на Effie составено од избрани студенти од Економскиот факултет, Факултетот за општествени науки и Факултетот за економија и бизнис на Универзитетот во Марибор.
Врз основа на збирниот број бодови од освоените награди, за најефективен огласувач во Словенија за 2023 година беше прогласена компанијата Atlantic Grupa, за најефективна огласувачка агенција беше прогласена агенцијата SHIFT, а како најефективен бренд беше прогласена паштетата Argeta.
Единаесеттото издание на Effie Slovenia ќе биде заокружено со објавувањето Зборник на финалистите и добитниците на награди, во кое ќе бидат презентирани сите наградени кампањи. Зборникот ќе биде објавен претстојнава пролет.
Целосната листа на наградени огласувачи, агенции и кампањи може да се погледне на следниот линк.