Соопштени победниците на 29-то издание на Словенечите огласувачки награди
Титулата за Агенција на годината 2020 ја понесе агенцијата Futura DDB, за Бренд на годината беше прогласен Spar Slovenija, а најпрестижната награда SOF на SOF, оваа година му припадна на интегрираната кампања „Млечни книги“ создадена од Futura DDB за Spar Slovenija.
„Млечни книги“ ги ангажираше корисниците на социјалните мрежи, заедно со млади словнечки писатели да создадат бајки кои потоа беа отпечатени на пакувања трајно млеко и со тоа беа достапни за сите, особено за родителите, со цел зајакнување на нивните навики за читање преку вечерно читање на нивните деца.
За огласувачка Личност на годината беше прогласен Марко Колбл, директор и со-сопственик на компанијата Europlakat.
Наградата за Огласувач на годината 2019, за постојан и развојно ориентиран пристап на пазарот, посветеност кон професионалниот развој и поставување и примена на високи професионални стандарди во 2019 година и во подолг временски период, веќе втора година по ред му припадна на компанијата Atlantic Droga Kolinska.
Наградата за најдобра продукциска куќа за видео реклами му припадна на Bright Visuals, додека пак наградата за најдобра продукциска куќа на радио и аудио реклами му припадна на Studio 100.
Како најдобри млади креативци, на Cannes Lions 2021 ќе патуваат Лусија Лепшина и Клемен Водопивец од Agencija 101.
Добитници на Grand Prix награди беа кампањите “Вау. комуникациска платформа” на Renderspace и Pristop за Big Bang, и “Иницијатива за театарски толкувачи” на Grey Ljubljana за NLB.
Целосната листа на наградени е достапна на следниот линк.