Брендот за храна за кучиња – Bakers во соработка со агенцијата Ogilvy & Mather UK, заеднички креираа решение за подобрување на искуството за купување на храна за кучиња. Тимот постави DogPay систем во продавница за миленичиња за да ја тестира новата технологија со цел да тестира како кучињата ќе ги искористат ‘’своите пари’’.
Новиот изум им овозможува на сите кучиња со идентификационен број ‘’да плаќаат’’ следниот пат кога ќе отидете заедно на шопинг во продавницата за миленичиња.
ID чиповите кај кучињата кои се потреба во согласност со законот во Велика Британија, користат иста технологија како и плаќањата без контакт.
‘’Имајќи го ова во предвид, агенцијата реши да ги зближи миленичињата и сопствениците повеќе од кога и да е. Станува збор за малку луда, но брилјантна идеја. На овој начин ќе се продаваат повеќе гумени играчки и забавни реквизити за миленичињата ‘’– изјави креативниот директор на OgilvyOne – Charlie Wilson.