Телевизискиот канал РТС пред неколку дена емитуваше нов документарец по повод 40 години од смртта на Јосип Броз Тито.
Зошто оваа вест се најде на Маркетинг365? :)
Затоа што документарецот, наречен “Tito, medijska ikona”, е посветен на аспектот Односи со јавност на Тито и на одличен начин го презентира неговото позиционирање како еден од светските лидери на своето време, а прикажува и интересни моменти кои го дефинирале како еден од најбараните соговорници и човек чиј имиџ, според многумина, никој на овие простори не го надминал ни до денешно време.
Во документарецот што можете да го погледнете во продолжение, зборуваат негови соработници, претставници на медиумите, стручњаци за медиски настап, уметници, историчари. Автор е Наташа Мијушковиќ, а продуцент Драгица Баровиќ.