По филмовите „Шест часа до небото – Тоше Проевски“ и „Кобна кота“, Ал Џезеира Балкан го претставува новиот македонски документарен филм – „Шпион“, кој го реализира продуцентската куќа Револушн од Скопје и режисерот Дејан Милошевски.
Се работи за истражувачка документарна приказна која зборува за уцените, трговијата со државни тајни и други афери. Приказната ги следи вистинските случувања во Македонија каде што полицијата уапси група од 20 тина поранешни и сегашни припадници на македонската тајна полиција. Таа т.н шпионска група се занимавала со собирање на информации за безбедносната ситуација во Македонија, за структурата на полициските и воените сили, разговори со странски политичари и странски безбедносни агенции во регионот.
Премиерното прикажување на овај филм на програмата на Ал Џезеира Балкан е во недела на 6 ноември во 17.05 часот.