За својата најнова кампања, американско-ирската компанија за овошје и зеленчук Dole се здружи со огласувачката агенција Grey за да се повика на „повисока сила“ со надеж дека ќе го „искупи“ скромното јаболко од неговата репутација како „забрането овошје“.
Испишувајќи отворено писмо до Папата во весник за кој е познато дека Неговата Светост го чита, брендот посочи дека се надева да го промени наративот за овошјето од „оригинален грев во оригинална закуска“, нарекувајќи го „најкатастрофалната ПР-криза со која некое овошје се има соочено досега“.
Нагласувајќи ја важноста на овошјето во нашата секојдневна исхрана, Dole го повика Ватикан да ја промени одлуката за „оцрнување“ на јаболкото и да го ослободи од неговата погрешна улога во познатата религиозна приказна со Адам и Ева, така што пораката за здрава исхрана може да се прошири до сите во светот.
„Разбираме дека барањето за оваа промена е смело и провокативно барање и секако не мислиме на непочитување кон Неговата Светост или Црквата. Веруваме дека ако можеме да го решиме ова погрешно претставување на овошјето, можеме да започнеме нов глобален наратив кој се фокусира на неговите придобивки и создава нови, поздрави навики во исхраната кои се конзистентни со нашата цел да им донесеме добра исхрана на сите“, објасни Пјер Луиџи Сигисмонди, претседател на Dole Packaged Foods & Beverages Group.
View this post on Instagram