Внимание мажи!
Доколку вашиот гел за туширање прави да се чувствувате како ‘’гневни мускулести чудовишта’’ или пак како ‘’мажот од ноќните клубови кој врз себе истурил цело шише со колонска вода’’, Dollar Shave Club сака да размислите за поедноставно решение :)
Сервисот за претплата за хигиенски препарати лансираше 3 нови оналјн реклами кои ја промовираат новата линија на гелови за туширање кои видливо ги исмејуваат производите на најголемите конкуренти (Old Spice на Procter & Gamble и брендот на Unilever –Axe).
Лоцирани на самото место за купување на производите, секој 30минутен спот (креиран од самата компанија и режиран од страна на DSC ветераните the Spielbergs како и директорот, продуцентот и глумец Alex Karpovsky, од популарната серија на HBO- Girls, во колаборација со графичарот а воедно и музичар- Teddy) раскажува приказна за неговите авантури за време на проучувањето на на секој различен производ.
“Massive Hero,” е првиот спот.
Девојката го советува својот дечко да испроба производ спакуван во силно црвена боја (како онаа на Old Spice).
https://www.youtube.com/watch?v=fiLKDa2Sk0k&feature=youtu.be
Овој производ (кажува девојката) “поседува потполно потентен амино-протеински систем’’, додека ја чита етикетата на опаковката. По ова се појавува бодибилдер кој го зграпчува производот, ја раскинува својата маица и започнува да вреска’’.
Во вториот рекламен спот, “Deep Midnite” два пријатели прегледуваат нов производ кој ветува “24-часовно ослбодување на феромони.”
https://www.youtube.com/watch?v=nDlfcjfrv3I
Третата реклама, “Neon Groove”, го исмејува типот на маж кој има одреден стил на облекување и начин на однесување.
‘’Што мислите за производ кој наликува повеќе на вас?’’ зборува гласот на крајот од секој рекламен спот, кој ветува јасни состојки и одлични мириси како ментол и кедар, новитети на линијата на Dollar Shave Club.
Ова е мудар чекор на релативно новиот бренд на пазарот, особено за дадениот пример за Old Spice. Преку редефинирање на она што во последните години беше стратегија за зајакнување на брендот како неговото силно рекламирање, истакнувањето на машкоста низ доза на хумор, Dollar Shave Club себе си се претставува во добриот тајминг за промена на пристапот кон потрошувачот.
Дали ова е ефективен пристап и добар пристап на брендот, со оглед на имиџот кој брендовите како Old Spice го имаат е дополнително прашање кое треба да се разгледува. Покрај Old Spice, брендот го напаѓа и Axe, кој овој чекор го споредува со ‘’актот на тепање на мртов коњ’’– што не е и толку забавно за нив.
За иронијата да биде поголема, иако го исмева Axe, не треба да се занемари податокот дека Dollar Shave Club беше продаден на Unilever for $1 billion оваа година а со тоа е дел од подружниците на AXE.
Во основа, Dollar Shave Club пред се има различна публика. Наместо да се фокусира на млади тинејџери кои сакаат да ‘’процеветаат пред девојките’’ цели кон позрелиот сегмент на мажи на пазарот. Оваа публика исто може да ги вклучи имиленијаците кои сеуште не знаат што сакат, а притоа имаат потреба од поевтина верзија на парфемите Malin и Goetz во исто време.