Од Хрватска ни стигнуваат вести за атрактивен бизнис трансфер кој го вклучува Домагој Давидовиќ досегашниот оперативнен директор на агенцијата “Proximity Zagreb“ кој како што пренесува порталот Marketingitd, од почетокот на месецов премина во дигиталната агенција “Јасно и Гласно“ каде ќе ја извршува функцијата на Key account manager.
Во дел од својата изјава по овој повод, ко-основачката на “Јасно и Гласно“, Ана Пеновиќ изјави : “Пресрекни сме што Домагој ја избра “Јасно и гласно“ како следен чекор во својата кариера . Него лично го познаваме подолг период и неговара работа и знаење за дигиталниот екосистем особено ја цениме. Сигурни сме дека неговото доаѓање ќе придонесе за уште поубава атмосфера во компанијата придружена со многу нови успеси “