Home » Во фокусот » Домашен сервис за примање на пари од странство!

Домашен сервис за примање на пари од странство!

Ако сакате да бидете нечиј “вујче од Америка“ и да испратите некоја пара до Вашата фамилија или пријатели во Македонија, нема баш којзнае какви опции за брз трансфер на пари од чии провизии нема премногу да “настрадате“. Или можеби веќе сте во Македонија, а Ваши пријатели (читај: луѓе кои работно Ве ангажирале) треба да Ве појачаат (платат)…. и сега мака мачите да смислите како да си ги добиете парите ем брзо, ем легално?

Ајде частете не` сега нас во Маркетинг365 една гифт картичка за муабетов во продолжение.

 

Имаме домашен, Македонски сервис за оваа работа. Се вика e-Pay и одлично брка работа за овие ситуации! Нивниот веб сајт можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

e-Pay Македонија, е проект на ИГАЛ Гроуп – ДОО Скопје, во соработка со Еуростандард Банка – Македонија и функционира целосно онлајн без никави напори да треба да одите некаде офлајн и трансферот се изведува со неколку клика седејќи на Вашиот кауч.

Како функционира?

Накратко. За да се испрати Гифт Картичка со определена сума на пари, треба да се посети вебсајтот (ЛИНК), да се избере дизајнот на картичката и да се внесе сумата што ќе се стави на располагање со податоци за испраќачот и примачот. Тоа е тоа. Примачот добива известување по маил и СМС дека му стигнале пари, си ја подига картичката од некоја експозитура на Еуростандард банка и парите може да си ги извади на банкомат или да плаќа директно од неа.

Инаку, E-pay  може да се користи и локално во Македонија, а екстремно многу е корисен кога треба да ги почастите Вашите блиски со поклон за некој важен повод (вие во туѓина, а тие слават родендени, свадби, крштевки…) или кога скроз не знаете што да поклоните за некој важен датум или јубилеј. Факт е дека парите се секогаш најсигурна опција за да го “погодите вкусот“ (не дека Ви даваме идеја за поклон за 8-ми Март :) ).

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365