Брендот за мебел IKEA лансирше нова реклама насловена „Home Lessons“ („Домашни лекции“) која се фокусира на малите лекции и нови вештини кои луѓето го научиле во рамки на домот за време на карантинот – од составувањето на домашни канцеларии и теретани, до печењето леб и потстрижувањето на коса.
Рекламата во суштина претставува продолжение на кампањата „Make the Most of Home“ ласнирана во април, која го истакнувашше домот како најважното место на светот.
Во контекст на новата реклама, IKEA исто така ги охрабрува фановите да ги споделат работите кои тие ги научиле дома, а кои потоа може да се најдат како дел од официјалните реклами материјали на брендот.