Хрватската компанија за прехрамбени производи Podravka и креативната агенција ZOO од Загреб лансираа нова кампања насловена „Domaće u glavnoj ulozi“ („Домашното во главна улога“), со цел промоција на нивниот ајвар, кисели краставички и конзервиран грашок.
„Наместо класични визуелни слики во стилот „од поле до трпеза“, на клиентот му предложивме поинаква насока. Сакавме да ги прикажеме домашните земјоделски производи во нивниот полн сјај. Верувавме дека домашните краставици и пиперки и домашниот грашок заслужуваат свој момент на слава. Затоа дојдовме до концептот „Домашното во главна улога“ во кој овие состојки се претставени како врвни актерки и актери кои брилјираат во врвните тегли и лименки на Подравка“ – објаснуваат од агенцијата ZOO.
За реализација на креативната визија се погрижил тим од над 30 луѓе – секој со своја улога во различните фази на проектот, од концептуализација до изведба.
Во продолжение погледнете ги трите забавни спотови на Podravka во кои главната улога ја толкуват краставичка, пиперка и зрно грашок: