Една од мисиите на Domino’s до сега, беше пронаоѓање на начин за нарачка на пица само со помислување на пица. Синџирот на ресторани кој воедно стана и технолошка компанија, продолжи со незапирливата работа и иновации кога станува збор за нарачување на пица и самиот процес на нарачување.
Брендот, со помош на агенцијата CP+B, во понеделникот најави соработка со IFTTT, бесплатен онлајн сервис, кој им овозможува на корисниците со креирање на конекции помеѓу дигитални направи и одредени настани на една направа да поттикнат одредени настани на друга направа со користење на т.н ‘’applets’’.
Соработката со IFTTT им овозможи на корисниците на сервисот да се поврзат со т.н Domino’s Tracker, кој го следи целосниот процес за нарачкана пица, а поттикнувањето на настанот на една направа поттикнува настан на друга направа во рамките на сервисот. На пример, кога вашата пица е спремна за печење, сервисот ќе ви ја пушти нумерата на раперот Nelly- “Hot In Herre” автоматски на вашата направа. Или пак, кога пицата која е нарачана е спремна за испорака, добивате известување да ги исклучите прскалките во вашиот тревник и да ги уклучите сијаличките на вашиот влез со цел да го олесните процесот на достава за лицето кое ќе ја донесе нарачката. Опциите со сервисот се безбројни.
Ова се 4те тригери на ‘’Domino’s Tracker’’:
- нарачката се припрема
• нарачката е во рерна
• нарачката се испраќа
• нарачката е спремна за подигање
Без разлика дали вашата нарачка е во една од 4те фази на достава вие можете да ги користите IFTTT програмите за да поттикнете било какви акции : да објавувате на социјалните медиуми, да праќате порака или е-маил, да ги пуштате светлата во вашата дневна соба…
Domino’s најави дека е првиот ресторан кој се вклучува во низата на брендови на IFTTT платформата. Компанијата исто така креира и свои програми, помеѓу кои и такви кои го уклучуваат вашиот Samsung POWERbot кога нарачката се припрема, што е совршено пред доставата да ви пристигне дома, а станот ви е неуреден и треба малку да се раскрене пред пријателите да ви се придружат на парче пица.
“Многумина обожаваат да го користат Domino’s Tracker, не само за да дознаат дали нивната нарачка се приготвува или е веќе тргната на пат до нивните домови, но и за да го планираат пристигнувањето на самата пица’’ – кажува Dennis Maloney, шеф дигитален офицер за Domino’s.
“ Ние ги поттикнуваме клиентите да ја ослободат својата креативност и да креираат нови начини да ги интегрираат нашите омилени иновации како Domino’s Tracker, во нивното секојдневие. Благодарејќи на безбројните можности кои ги нудат IFTTT програмите, клиентите ќе бидат повеќе поврзани од кога и да е.”
Апликацијата може да ја симнете и разгледате на следниот линк IFTTT.com/dominos