Доналд Стил е специјалист за репутација и управување со криза, со работно искуство во компании во Велика Британија, Европа, Блискиот Исток и Азија Пацифик. Претходно беше главен советник за комуникации во BBC и 11 години главниот претставник за медиуми на корпорацијата.
Надалеку се смета за експерт во областа на репутацијата и кризните комуникации и често е говорник на овие теми, вклучувајќи и на Лондонската школа за економија. Неодамнешните и идните ангажмани ги вклучуваат Лондон, Аман Канбера, Сиднеј, Сингапур, Белград, Виена, Хонг Конг, Мускат, Дубаи и Истанбул. Академијата на BBC, најголемиот европски објект за обука за известување, во 2010 год. го назначи за научен соработник, а во 2009 год. беше избран за Соработник на кралското друштво на уметности.
На 12ти мај во Скопје тој ќе одржи еднодневна обука на тема- кризни комуникации во ера на друштвени мрежи и по тој повод, Доналд сподели со нас 8 важни совети за комуникација во време не кризи.
- Во криза многу компании ја предаваат контролата врз раскажувањето без да забележат.Старите правила за кризни комуникации ни велеа дека имате еден час да ја дадете својата прва изјава во кризна ситуација – таканаречениот „златен час“. Златниот час сега е златна минута.
- Би било апсурдно да речеме дека може да се даде изјава за 60 секунди кога ќе ве погоди криза. Но ако чекате 60 минути ќе има илјадници навидум веродостојни изјави од убедливи луѓе. Изјавите може и да не бидат секогаш безопасни. И одеднаш сфаќате дека сте изгубиле контрола врз раскажувањето. Кога еднаш ќе ја изгубите контролата врз вашето раскажување, многу е тешко, а често и многу скапо, да ја вратите.
- Ги советуваме клиентите дека во ерата на моментна комуникација, потребно е да кажете нешто во рок од 15 минути откако кризата ќе ја погоди компанијата.
- Едно од правилата за кризни комуникации е: ако немаш што да кажеш, дај кратка изјава. Не е натпревар за пишување есеи.
- Секоја изјава за криза е можност повторно да ги утврдите вредностите на вашата компанија. Во криза, вашите суштински вредности продираат до јавноста. Ги покажувате вашите суштински вредности со вашите постапки, како и со зборовите кои ги кажувате.
- Ако луѓе загубиле живот или биле повредени, треба да размислите да се појавите на телевизија во рок од 60 минути и да одржите прес-конференција во рок од 90 минути. Ова се разумни и остварливи цели ако сакате да ја задржите контролата врз раскажувањето.
- Сите кризи се предвидливи. Ако се предвидливи, може да се испланира за нив. Ако така решите, може да седнете денес и да направите список на сите работи што би можеле да се случат во вашата компанија. Ако така сакате, може и да напишете изјави, кои ќе ги дадете за 15 и 30 минути. Ќе забележите дека мал број изјави ќе одговараат на широк спектар проблеми. Ја опишувате вашата реакција на пријавен инцидент, не ја анализирате причината.
- Компаниите во ерата на моментна комуникација имаат важен избор. Или сега да инвестираат со подготовка и вежбање за да можат брзо да реагираат во кризна ситуација, или да продолжат по старо, како социјалните мрежи да не постојат и со тоа да ја ризикуваат репутацијата на компанијата.
За повеќе информации за обуката на Доналд во Скопје на 12ти Мај, посетете ја официјална веб страница на Пи Ворлд: http://www.thepworld.com/event/crisis-communications-workshop-with-donald-steel