Меѓународниот црвен крст им помана на најранливите за време на кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19, а истовремено се обидува да ги инспирира уметниците да создаваат дела кои ќе нé потсетуваат на нашата сплотеност во изолација.
Во соработка со Националната гелерија на Данска, ланецот на малопродажни маркети Coop и агенцијата Hjaltelin Stahl, дел од Accenture Interactive, Црвениот крст ја лансираше кампањата „Допрени“, со која ги повикува Данците да ги фотографираат своите дланки со цел создавање на интерактивно дигитално искуство како временска капсула.
Преку фоторафирањето и прокачувањето на дланките заедно со персонализирана порака, Данците ќе можат да придонесат кон иновативна временска капсула која ќе ги инспирира и поучува луѓето. Во исто време, за секоја фотографирана дланка, Coop ќе донира по 5 дански круни во хуманитарниот фонд на Црвениот крст.
Оваа дигитална капсула на фотографии, заедно со споделените пораки за тоа како животите на Данците се промениле во текот на пандемијата, потоа ќе биде дел од поголем уметнички проект на Националната галерија на Данска, која ќе покани три уметници да создадат уникатни дела инспирирани од пораките на целата нација.