Ад-блокери и инкогнито прелистувачи се дел од начините на кои младата публика се обидува да ги избегне рекламите на интернет. Брендовите постојано бараат нови начини како да ги „протнат“ своите имиња и логоа до тешко достапната Генерација Z, но Doritos се одлучи за нешто сосем поразлично.
Потпирајќи се целосно врз иконичниот статус на својот поризвод и пакување, брендот за чипсови целосно ги исфрли името и логото од својата најнова кампања „Друго ниво.“
Главниот спот од кампањата, изработен од агенцијата Goodby, Silverstein & Partners, е насловен „Анти-реклама“ и премиерно беше лансиран минатата недела. Рекламата се потпира на уникатната форма на Doritos и нивното место во популарната култура, меѓутоа рекламата воопшто не е суптилна.
Имајќи во предвид дека Doritos главно ја таргетира помладата популација во текот на целата своја историја, се чини дека овој обид да се задоволи „одбивноста“ на Генерацијата Z кон рекламите е паметна и добро изведена.
Покрај видео-спотот, кампањата ќе се прошири и на социјалните медиуми, каде официјалните профили целосно ќе го тргнат логото и името на Doritos, а наместо нив ќе користат црвен триаголник и текстот “Logo Goes Here” („Логото стои тука“).
DORITOS DORITOS DORITOS DORITOS DORITOS DORITOS
DORITO DORITO DORITO DORITO DORITO
DORIT DORIT DORIT DORIT
DORI DORI DORI
DOR DOR
DO
D
🔺— 🔺 (@Logo_Goes_Here) August 26, 2019