Со цел промоција на својот сервис за достава до дома, брендот за брза храна McDonald’s лансираше нова принт и outdoor кампања за францускиот пазар во која ги замислува своите најпрепознатливи производи како домашни врати.
Имено, како дел од кампањата можеме да видиме приградска куќа чија гаража потсетува на хамбургерот Big Mac, додека пак двојната врата на урбана зграда ја гледаме замислена како пакетче помфрит. Популарниот сладолед Sundae, пак, го гледаме во комбинирана техника на дрво и витраж на вратата од некоја традиционална историска куќа.
Сликите намерно прикажуваат разновидност на средини во различни периоди од денот, за да покажат колку е флексибилна услугата за достава на брендот – до урбани и субурбани населби, дење и ноќе.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција TBWA\Paris.