По успехот на минатогодишната кампања „Toxic Influence“, козметичкиот бренд Dove повторно ја отвори темата околу токсичните стандарди за убавина, овој пат спротивставувајќи се на инјектирањето на ботокс и филери.
И покрај тоа што нивните лица сè уште се развиваат, алармантен број на млади лица од 14 до 17 години се одлучуваат за екстремни мерки со цел да го променат својот изглед согласно токсичните стандарди за убавина и на тој начин да ја зголемат сопствената самодоверба. Големиот пораст во употребата на ботоксот и филерите меѓу тинејџерите го поттикна козметичкиот бренд Dove на Unilever да создаде смела надворешна реклама составена целосно од шприцови.
Билбордот кој стои во трговски центар во Торонто, Канада, е конструиран од десетици илјади медицински шприцови како оние што се употребуваат при инјектирачките козметички процедури.
Притоа, шприцовите имаат различно обоена плочеста глава (оној делот за притискање), формирајќи слика на женски лик и натпис кој гласи: „Преку 50.000 козметички инјекции биле направени врз нашите тинејџери во текот на минатата година“.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција David Miami.