Козметичкиот бренд Dove уште еднаш се спротивставува на стереотипите за убавина кои се провлекуваат во медиумите преку својата платформа #RealBeauty (#ВистинскаУбавина), овој пат насочувајќи го вниманието кон дискриминацијата според возраст.
Брендот ја отпочна својата нова иницијатива #KeepTheGrey (#ЗадржиГоСивото), како дел од која својот препознатлив златен амблем го обои сив на сите социјални медиуми, со цел да изрази солидарност со повозрасните жени кои се предмет на дискриминација поради нивната возраст.
Идејата за кампањата произлегла од неодамнешниот случај со канадската телевизиска презентерка Лиса Лафлем, која била отпуштена од CTV National News по 35 години поминати во телевизиската куќа. Причината за тоа, наводно, била одбивањето на 58-годишната Лафлем да ја бои својата коса која почнала да сивее поради нејзината возраст.
Потрошувачите можат да се приклучат на иницијативата на Dove така што ќе ги ажурираат своите профилни фотографии на социјалните мрежи со нивна сива верзија, притоа користејќи го хаштагот #KeepTheGrey со цел да ја покажат својата поддршка за „Жените кои стареат прекрасно според сопствените услови“.
Компанијата исто така ќе донира 100,000 американски долари на непрофитната организација Catalyst, која се стреми да ги направи работните места поинклузивни за жените од сите возрасти.
View this post on Instagram