Маркетинг алатка на денот е серија од микро постови кои ги создадовме со цел да ги запознаеме македонските стартапи и маркетинг ентузијасти со интересните алатки од областа на маркетинг индустријата кои секојдневно се користат ширум светот.
Алатка #8 Hotjar
Да речеме дека сте љубопитни за тоа како вашите посетители всушност го користат вашиот веб-сајт, каде тие кликнале, колку скролале, итн. Website analytics е масивен бизнис со огромен потенцијал – колку повеќе податоци можете да соберете во поглед на однесувањето на вашите корисници на вашиот сајт , толку повеќе ќе можете да ја зголемите и максимизирате стапката на конверзација… а зголемената конверзија е секогаш добра и добредојдена. Понекогаш зголемената конверзија значи повеќе пари, подобро корисничко искуство, задржување на корисниците, или нешто друго. А бидејќи ова е желба на многумина, денес постојат многу алатки кои ветуваат дека ќе ви помогнат да ја добиете аналитика која ја сакате; понекогаш тие алатки се добри, понекогаш не. Ви го претставуваме Hotjar.
Hotjar беше пуштен во јавноста на 1-ви Април (не е шега) по 7 месеци во бета верзија со над 20.000 бета корисници. Оваа алатка ви обезбедува аналитика и алатки за фидбек во една апликација, и на тој начин добивате микс од алатки за индиректно набљудување на корисничка интеракција, како и ЧПП. Hotjar мери drivers, barriers и hooks со цел да ја увидите големата слика за сајтот. Потоа ги користи овие мерења за да ви даде совети и можности за раст и подобрувања. Дури и подобро… HotJar нуди план за акција во 9 чекори со цел да им помогне на организациите од поставување до крај.
Како да го користите Hotjar?
Истражувањето на вашите корисници може да биде неверојатно моќно. Сметаме дека е од големо значење да знаете како некој се поврзува со вашите блог постови. Колкав дел од постовите тие читаат? Каде се откажуваат? Што кликнеле? Гледањето на сите овие информации ќе ви помогне да ги дизајнирате следните постови многу појасно. Алатките како Hotjar може да ви покажат што точно вашите посетители прават. Користејќи heatmaps, clickmaps, scrollmaps и visitor recording, HotJar е вистинската алатка за вас.
За крај, Hotjar овозможува креирање на бесплатни профили кои што се повеќе од доволни со информации за повеќето сајтови. Hotjar исто така, има и опција за претплата со што ви се овозможуваат дополнителни функционалности и информации!
Автор: brainster.co заедницата
Бидете различни… Бидете brainster-и
Ако ви се допадна овој пост, посетете ја серијата на микро постови на овој линк. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со вашите пријатели.