Мобилниот интернет е во подем и не покажува забавување. На глобално ниво, времето кое луѓето го поминуваат во користење на мобилен интернет оваа година е зголемено за 27.7%, според Зенит Оптимедиа (Zenith Optimedia).
Како што употребата на мобилните уреди се зголемува, така тоа стана многу важно за огласувачите и маркетингот. Според Mobyaffiliates се проценува дека глобалниот мобилен интернет ќе троши на реклами околу 101 милијарда долари во 2016 година.
Бидејќи, важноста на мобилниот интернет се зголемува, соочувањето со десктоп рекламирањето стана предизвик. Па, загриженоста во овој случај е насочена кон ad-Блокерите (сфтвери за блокирање на реклами) бидејќи откриено е дека 419 милиони луѓе веќе ги користат, според анализата на PageFair. “Измамата со рекламите направи да се прескокни рекламирањето на мобилни. Но сепак се појави решение за огласувачите“.
Мобилните апликации на огласувачите им обезбедуваат платформа која е надвор од дофатот на ад- блокерите, а со тоа веднаш добиваат извештај колку и каде рекламите се појавуваат. “App ID targeting или апликацијата за таргетирање дава детална контрола каде точно нивната реклама ќе се прикажи и како содржината може да се прилагоди според пораката која брендот сака да ја испрати на публиката, објаснува Edric Chan, директор за партнерство во “The Trade Desk“.
Мобилните игри, особено привлекуваат внимание кај огласувачите. Според истражувачката анализа на App Annie, игрите генерирале околу 85% од приходите во 2015 година на пазарот за мобилни апликации.
Игрите испорачуваат публика која активно се занимава со содржината на апликацијата, и за која рекламирањето може да биде беспрекорно интегрирано во корисничкото искуство. Всушност, рекламите ќе го подобрат нивното искуство преку мини игри, обезбедување материјални награди и слично, кои врската со брендот нормално ќе ја зајакнат.
Со широкиот спектар на игри понудени преку App Store и Google Play , примамливо е да се стартува со рекламирање преку основани препознатливи игра како: Clash of Clans, Candy Crush и Angry Birds.
Сепак, програмираното рекламирање нуди можност да се поврзете со поголема публика која ќе ја анимирате низ помали игри и апликации .Алгоритмот на софтверот за програматик закуп може да ја одреди вредноста на публиката која игра и со тоа брендот ќе знае да ја постави рекламата на точно место.
Се разбира, брендовите се потпираат на програмерите и огласувачите кои користат стандардизирани формати за реклами на сите уреди , така што од лицата кои обезбедуваат податоци, фајловите поминуваат до DSPs ( луѓе кои вршат организација на истите), DMPS (луѓе кои прават податоците да станат функционални) и на крај во потребни форми до IDFAs и AAIDs .
Во растечкиот пазар за мобилни реклами, програматик рекламирањето преку игри кои содржат реклами претставува следно ниво преку кое брендовите ќе добијат висока видливост, ќе го зајакнат брендот и ќе создадат силни врски со публиката.