Шведскиот бренд за мебел IKEA лансираше нова интегрирана кампања која го носи насловот “Let Play Unwind Your Mind” („Дозволете ѝ на играта да го опушти вашиот ум“), како продолжение на бренд-платформата “The Wonderful Everyday” („Прекрасното секојдневие“).
Во централниот спот на кампањата гледаме жена која седи на лаптоп во својот дом, преморена од работа. Дури и врнежливото време сочувствува со неа. Но, тогаш нејзиниот сопруг ја предизвикува на соочување во пинг-понг. Играта потоа предизвикува отворање на еден сосема нов, надреален свет на магија, забава и опуштен ум.
„Сите сакаме да ја зајакнеме нашата благосостојба, но тоа не мора секогаш да вклучува јога душеци и медитација. Следниот пат кога ќе ви треба духовно подигнување, зошто да не пробате пинг-понг? Или „плочка“ со вашите деца? Докажано е дека играта го подобрува вашето расположение, вашата креативност, вашата благосостојба, па дури и вашите врски. Па зошто да не се исклучите од стресот и да ѝ дозволите на играта да го опушти вашиот ум“ – се посочува во описот на IKEA.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Mother London.