Легендарните хип-хоп икони Др. Дре и Снуп Дог повторно предизвикуваат бранови – овој пат во индустријата за алкохолни пијалоци со лансирањето на нивниот премиум џин Still G.I.N.
Овој потфат го означува нивниот втор чекор во светот на алкохолните појалоци, по успешното лансирање на нивната линија за конзервирани коктели „Gin & Juice by Dre and Snoop“ порано оваа година.
Името на брендот алудира на нивниот заеднички хит „Still D.R.E.“ од 1999 година, но самиот пијалак нуди многу повеќе од носталгија. По цена од 34,99 долари, Still G.I.N. е позициониран како достапен луксузен бренд за љубителите на џин. Неговата ароматична мешавина од мандарина, јасмин и коријандер ветува незаборавно искуство.
Др. Дре истакна дека тој и Снуп Дог учествувале во секој чекор од процесот, осигурувајќи дека вкусовите, пакувањето и целокупниот дизајн ги исполнуваат нивните високи стандарди.
Привлечниот дизајн на шишето, со испрекршена површина која потсетува на пчелино саќе, е осмислен од познатиот дизајнер Ини Арчибонг, гарантирајќи дека пијалакот ќе се истакнува на која било полица – во продавница, бар или дома.