Американскиот автопроизводител General Motors доби нов сопственик – Dr. Evil од филмската франшиза Austin Powers. :)
Тоа е премисата на новата Super Bowl реклама на GM. Според Dr. Evil, преземањето на GM ќе му помогне во неговата цел да го покори светот. Меѓутоа, неговите соработници го известуваат за еден проблем – климатските промени.
Имено, за да може Dr. Evil да го освои светот, тој свет мора да постои, односно да биде зачуван од климатските промени. Затоа, после повеќе нетегања и хумористична размена на зборови, GM на чело со Dr. Evil носат одлука да го спасат светот!
За остварувањето на оваа првична мисија, компанијата постепено ќе ги пренасочува своите производствени капацитети кон електричните автомобили. Па, дури и Dr. Evil станува Dr. EV-il. :)