На почетокот на 2024 година, Марко Вичиќ, ко-основач и косопственик на маркетинг агенцијата Futura DDB, го предаде управувањето со агенцијата Futura во Загреб на Драгана Јосиповиќ, која досега беше директорка за деловен развој.
Драгана има повеќе од 25 години искуство во агенцискиот свет. Кариерата ја започнала во Publicis Groupe во Белград, по што во 2000 година се приклучила на агенцијата Futura DDB во Љубљана, каде од самиот почеток била задолжена за најголемите меѓународни и домашни клиенти како McDonald’s, Peugeot и Radenska. Во 2021 година, кон листата на работни задачи што ги извршувала во Љубљана, таа ја додала и улогата на регионален директор за деловен развој во Загреб. Драгана работела со регионалните клиенти, се посветила на развојот на тимот и на поврзување и создавање синергија со други партнерски агенции во регионот. Резултатот од оваа работа се рефлектира во партнерствата со клиенти како Studenac, Pepco, Honor и Unilever. По три години таа ја презела улогата на директорка на канцеларијата во Загреб.
„Агенцијата ја преземам во одлична состојба – последните три години бележиме стабилен раст од 30% годишно, а во иднината гледаме со истите високи амбиции. Приоритет останува градењето силен тим кој успешно ќе ги решава деловните предизвици на клиентите, како и зајакнувањето на врските и проширувањето на бизнисот со постојните клиенти. Станавме посакуван партнер за клиентите кои имаат силно регионално присуство и ја ценат одличната услуга што ја обезбедуваме на координиран начин на сите пазари во регионот. Комуникациските решенија кои директно влијаат на растот на бизнисот на клиентите, градењето силни, релевантни брендови кои оставаат трага во животот на потрошувачите и одличната услуга спрема клиентите, остануваат столбови на кои ќе се надоградуваме и во иднина“ – вели Драгана Јосиповиќ, директорка на Futura DDB во Загреб, која и понтаму ќе продолжи да се грижи за развој на бизнисот на ниво на целата групација Futura.
„Без Драгана, успехот на Futura, особено на Futura DDB во Загреб, немаше да биде тоа што е. Не се сомневам дека поради нејзината стручност, енергија и лидерство, нашата канцеларија во Загреб е во добри раце. Нејзината нова улога е придобивка како за групацијата Futura, така и за целиот регионален маркетинг пазар“ – истакнува Марко Вичиќ, основач и извршен партнер на Futura DDB.