(РЕГИОН) – Кампањата “Драма во такси“ која ја креираше и реализираше агенцијата Меккен Белград се пласираше во потесниот избор за меѓународната награда Cresta која ја доделува Њујоршката компанија Creative Standards International во соработка со Меѓународното здружение за огласување (IAA). Оваа кампања се реализираше во склоп на проектот за репозиционирање и освежување на имиџот на Југословенскиот дрмаски театар (JDP). Финалето е остварено во категоријата интернет филмови.
“За мене и луѓето од нашиот тим, бројот на освоени признанија е уште една потврда за вредноста на оваа кампања. Она што нам ни е подеднакво важно колку и наградите се и резултатите, бидејќи луѓето се повеќе и постојано одат на театар, делимично како заслуга и на оваа кампања“, вели Владимир Чосиќ, креативниот директор на агенцијата Меккен Белград и додава: “Сепак, она што навистина не изненадува е тоа што кампањата продолжи да живее независно од нашето влијание, бидејќи драмскиот (и поширокиот) аудиториум сеуште зборува за видео материјалите кои ги направиве и сеуште ги коментира. А она на што и самиот интимно понекогаш се радувам е фактот што и денеска, кога по којзнае кој пат ќе ги погледнам самите вирални видеа, се смеам од срце како и првиот пат.“
Ова е уште еден успех за “Драма во такси“ која веќе освои повеќе домашни, регионални и меѓународни награди и имаше големи успеси на регионалната и интернационалната фестивалска сцена. Покрај наградата SoMo борец за вирален блок-бастер на WMF во Ровињ, наградата Златен и Сребрен тапан на Голден Драм во Порторож, како и вучеството во финалето на AdCup фестивалот, кампањата “Драма во такси“ неодамна доби и награда со влез во финалната листа на Њујоршкиот фестивал за адвертајзинг во категоријата Социјални Медиуми и вирален маркетинг, наградата ПРизнание која ја доделува Здружението за односи со јавност на Србија во категоријата Употреба на дигитални медиуми и нови технологии, како и наградата на Британскиот совет за Најдобро дигитално решение во културата.
Ви финалниот избор на Cresta за креативна одличност во огласувањето и деловните комуникации влегоа вкупно 264 проекти во 12 категории. Жирито кое го сочинуваат 100 креативци од целиот свет, пријавените проекти ги оценуваат на основ на само 2 критериуми: исклучителност на креативната идеја и квалитетот на нејзината реализација.
Најмногу проекти во потесниот избот за наградата Cresta имаат агенциите Impact BBDO од Дубаи и Њујоршката агенција Меккен Ериксон , секоја по осумнаесет, следуваат шведски Forsman & Bodenfors со шеснаесет и германската Heimat Berlin со единаесет проекти во потесен избор. Победничките проекти ќе бидат прогласени на 12 октомври 2015 година.