Кампањата “Драма во такси“ на агенцијата McCann Белград влезе во финалето на еден од најпрестижните адвертајзинг фестивали кој се одржува во Њујорк. “Драма во такси“ е единствена кампања од регионот на бивша Југославија која е пласирана во финалето на овој фестивал, обезбедувајќи си место во категоријата Социјални медиуми и вирален маркетинг. Кампањата беше осмислена и реализирана од креативниот тим на агенцијата McCann Белград за Југословенскиот драмски театар во рамки на кампањата за репозиционирање и “освежување“ на еден од најугледните српски театри.
“Ова признание не импонира со оглед на огроманата интернационална конкуренција и фактот дека сме единствени кои влегоа во финалето од нашиот поширок регион на еден од најпрестижните светски креативни фестивали, покрај оној во Кан “ – изјави Владимир Чосиќ, креативен директор на агенцијата McCann Белград додавајќи “Пред две години како член на жирито на овој фестивал имав прилика да се уверам во квалитетот и бројот на пријавени проекти, кои, слободно можам да кажам – е фантастичен“
Кампањата “Драма во такси“ покрај големиот одек и позитивни впечатоци во јавноста и награди на повеќе домашни фестивали, имаше успеси на регионалната и интернационалната сцена за што говорат наградите SoMo борец за вирален block buster на Weekend Media Festival-от во Ровињ, наградите Златен и Сребрен “тапан“ на Golden Drum во Порторож, како и учеството во финалето на AdCup фестивалот.
Њујоршкиот фестивал на креативноста во огласувањето е еден од најстарите и најпрестижните фестивали на светот, кој ги наградува најдобрите светски кампањи уште од 1957 година. Овој фестивал претставува пресен на најдобрите достигнувања во креативноста во областа на адвертајзингот. Жирито на фестивалот е составено од најзначајните стручњаци на креативната индустрија во светот. Овогодинешното издание ќе биде одржано на крајот од месец Мај и покрај натпреварувачкиот дел по категории, ќе биде оддржана и конференција, предавања, панел дискусии, изложби на проектите итн..