Пишувањето и читањето пораки за време на возењето го практикуваат многу возачи. Со отстранување на тие навики би можеле да се спречат многу несреќи. Националната сообраќајна администрација во САД поради тоа објавила видео од 30 секунди, кое драматично илустрира што може да се случи доколку пишувате СМС додека возите, пишува Mashable.
Во видеото се гледа како неколку млади лица се возат во автомобил, а девојката која вози пишува СМС порака. Минува покрај знак СТОП, и не го запира возилото. Во тој момент на автомобилот налетува камион. На крајот на видеото полицаецот вели дека никој не сака кога го запира полиција. Но, доколку ја сопрел оваа млада дама и и’ напишал казна, веројатно ќе и го спасел животот.
Извор: Точка