Членовите на Друштвото за маркетинг на Словенија (ДМС) на вчерашниот состанок избраа нов управен одбор кој ќе има задача да управува со друштвото во наредните три години.
Членови на новиот управен одбор кој го има мандатот 2014-2017 се:
Mojca Avšič, извршен маркетинг директор во Меркатор,
Aleksandra Brank, маркетинг директорка во Bisnode Словенија,
Darko Dujič, директор на Google адриатик,
Matej Golob, ко-основач на стартапот 30Lean,
Jaka Lenardič, ко-основач и директор на комуникации во агенцијата ENKI,
Sašo Palčič, партнер во Madwise CC,
Mitja Pirc, директор за деловно советување во агенцијата Pristop,
Jasna Suhadolc, директорка на агенцијата Virtua PR, и
Andraž Štalec, директор и ко-сопственик на Red Orbit.
Фото: ДМС
Извор: Маркетинг Магазин