Германскиот синџир на дисконт-маркети Lidl отвори нов маркет во ирскиот град Галвеј. Притоа, маркетот се наоѓа во непосредна близина на друг маркет, и тоа на нивниот, исто така германски, конкурент Aldi.
Но, она што најмногу го привлече вниманието на јавноста беше билбордот кој Lidl го постави со цел да го одбележи отворањето на новиот маркет. Се работи за билборд поставен на самата зграда на маркетот, на кој е прикажано човечко лице кое се чини како да излегува од ѕидот и со двоглед „скришум“ гледа кон објектот на Aldi.
Притоа, сликата е проследена со текстот „Keep Your Friends Close“, односно „Држете ги вашите пријатели блиску“, алудирајќи на популарната поговорка која понатаму тврди дека „непријателот“ треба да се држи уште поблиску.
Овој вториот дел од поговорката е разбирливо отсутен, останувајќи само забавно „пецкање“ помеѓу два конкурентски маркети.
