Популарниот британски бренд на џин, Beefeater, ја отпочна следната фаза од својата бренд-платформа “The Spirit of London” („Духот на Лондон“) со објавувањето на нов видеоспот.
Спотот насловен „Духот на Лондон: следниот бран“ се потпира на знаменитостите на градот, вклучувајќи ги Big Ben и Tower Bridge, како и иконичните населби Camden и Soho кои се полни со живот, забава и уметност.
Кампањата ги поканува гледачите да ги искусат сите различни аспекти кои ја сочинуваат и создаваат уникатната енергија на Лондон и неговите жители, и тоа преку вкусот на нивниот познат Beefeater џин.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција McCann London, која неодамна беше назначена за нов глобален креативен партнер на брендот.