Агенцијата FCB Cape Town во кампањата за безбедност во сообраќајот на почетокот е духовита, за на крај да стане смртно сериозна
Кампањата „It Can Wait“ (Може да почека) која веќе некое време се врти во Јужна Африка, предупредува на опасноста од користење на мобилни телефони за време на возење, а видеата во склоп на оваа кампања се посебно познати по тоа што се шокантни и вознемирувачки.
Меѓутоа, најновиот спот на агенцијата FCB Cape Town ја започнува својата приказна неочекувано комично.
Спотот започнува со монтажа на забавни клипови за незгодите низ кои луѓето поминуваат додека одат и пишуваат на своите мобилни телефони. На некои им паѓаат телефоните, други удираат во столбовите, а некои дури иронично, се сопнуваат на знаците за предупредување. Целиот спот е проследен со комичен саундтрак со ефекти од цртанте филмови.
Но, рекламата брзо станува многу мрачна.
„Не можете да одете и да пишувате…“ почнува пораката, а потоа забавната музика нагло се прекинува и гледачот се наоѓа во автомобилот на млада девојка која пишува порака на телефон додека вози. Автомобилот изненадно удира во нешто и почнува да се превртува, а сценара завршува со девојката која е превртрена наопаку и со едноличниот звук на срцевиот монитор.
Пораката завршува со „…па зошто тогаш пишувате и возите?“
Последните 15 секунди од спотот се силни и брутални, а дихотомијата помеѓу забавната содржина на почетокот на рекламата и реалната опасност на крајот дава дополнителна сила и ефективност на пораката.