Враќањето на Шкода во 90-тите години нè потсетува на не толку убаво дизајнираните модели на Шкода, но уште поважно, нè потсетува на нашите сопствени стилски промашувања
Шкода лансираше нова кампања во Франција во која многумина можат да се препознаат, пред се` самиот бренд Шкода, кој во рекламата се потсмева на самиот себе, но и на другите. Акни, протези, очајни стилски избори и неизбежната музика, создаваат прилично прецизна слика за 90-тите години, а на крајот, спотот испраќа јасна порака до сите критичари на Шкода, кои и денес сакаат да не потсетат на лошиот дизајн на овие автомобили во 90-тите години.
Рекламата е креирана од страна на агенцијата Rosapark од Франција, која навистина се потруди целата атмосфера на спотот да потсеќа за деведесеттите години, од користени визуелни прикази и музика, до самиот стил на снимање.
На крајот на видеото, Шкода јасно прикажува колку нивниот дизајнерски тим еволуирал од тогаш, ефикасно разбивајќи ги агрументите на сите критичари.
Уникатниот пристап на оваа реклама има за цел да ја зајакне позицијата на овај бренд како “game-changer” на францускиот пазар, заситен од типични реклами за автомобили.
Рекламата “Moche Dans Les 90s” (“Грдите 90-ти“) ќе се појави на дигиталните канали, а корисниците на Твитер ќе бидат во можност да испратат фотографија од себе или своите пријатели во Шкода, а потоа ќе бидат наградени со профилна слика целосно во духот на 90-тите.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=59&v=hD0wYSrc8pk