“Во една ваква атмосфера, нашата идеја е на заинтересираните клиенти и посетители да им овозможиме целосно уживање додека пазаруваат кај нас”, вели Филип Малинов, Apple менаџер во ДУНА.
Како официјални дистрибутери на Аpple, ДУНА ги отвори вратите и го претстави комплетно освежениот – и визуелно и концептуално – продажен салон во Скопје. Со ова, домашната компанија демонстрира дека во чекор го следи глобалниот тренд на промени кога станува збор за продажните салони на брендот, воведувајќи свеж и урбан дух во минималистичкиот концепт. Duna Concept Store е местото каде што заинтересираните ќе можат да се запознаат со сите новини поврзани со највредниот светски бренд – Apple, како и со новите производи на Garmin, Ricoh, Bang and Olufsen, како и на партнерите Technogym, Illy, Lux, Specialized и други.
“Во Duna Concept Store, секој од брендовите си има свој засебен простор, акцентиран со нему својствените атрибути, а сите заедно создаваат возбудлива нова целина, чија цел е потполно да го анимираат посетителот. Новината е и тоа што буквално сè што е изложено во салонот е наменето за продажба: од ИТ опремата, до лустерите, од плочките на подот, до мебелот. Во една ваква атмосфера, нашата идеја е на заинтересираните клиенти и посетители, да им овозможиме и целосно уживање додека пазаруваат кај нас, со послужување на кафе и чашка вино, од нашите ценети партнери”, изјави Филип Малинов, Apple менаџер во ДУНА.
Ентериерот е изработен со современи материјали и доловува различни сценарија во просторот, што дозволува фокус точно на она што се бара, а во исто време да се отвори можност за ново и неочекувано искуство во пазарењето. Во освежениот продажен простор што е на старото место – на приземјето во ГТЦ во Скопје, меѓу останатото, ќе можат да се видат и парчиња на најсовремениот мебел на италијанските брендови Poltrona Frau, Archetipo и Riccardo Rivoli и други партнери на Duna Concept Store.