Дуна Компјутери ја најави својата намера да му подари на Градот Скопје ERP (Enterprise Resource Planning) и BI (Business Inteligence) систем – софтвер за планирање на ресурси, со што на едно место би се интегрирале податоците од сите скопски Јавни претпријатија кои функционираат врз платформата на УЛТИМА софтверот.
“По угледот на европските и на светските метрополи, воведувањето на BI и на ERP софтверот ќе овозможи консолидирање на сите информации на едно место, како и интегриран мониторинг и управување на процесите од едно место во Јавните претпријатија во Град Скопје. Затоа што, последните тенденции во овој дел од ИТ индустријата веќе не се ограничуваат само на автоматизацијата на домовите и компаниите, туку на целосна автоматизација и управување на цели градови, врз интегрирана платформа за планирање и менаџирање на процесите и на ресурсите. Намерата на Градот Скопје да му подариме еден ваков софтвер е само првичен чекор, како наш скромен придонес кон оптималмо менаџирање со ресусите на јавните претпријатија кои што раборат врз УЛТИМА софтверската платформа”, изјави Александар Пајковски, Генерален менаџер на Дуна Компјутери.
Консолидирањето на податоците и интегрираното мониторирање на процесите од еден центар, ќе овозможи поквалитетен менаџмент на функционирањето, како и на планирањето на финансиите на градските Јавни претпријатија. Сето ова, во крајна линија, истакнуваат во Дуна, би ја зголемило ефикасноста и ефективноста на Јавните претријатија во главниот град.
“Од друга страна, еден ваков ERP и BI софтвер ќе му овозможи на Градот Скопје заштеда на големи финансиски средства кои што во иднина би имале намера да ги ги издвојуваат за парцијални набавки на разновидни софтвери за некои Јавни претпријатија. На пример, каков што беше последниот случај со тендерот за набавка на софтвер за скопското Јавно Претпријатие Водовод, тежок 500.000 евра, кој што неодамна беше поништен. Ваквата заштеда, Градот Скопје ќе може да ја употреби за најразлични инфраструктурни проекти или за општествени, социјални, културни, спортски и други намени во полза на граѓаните на македонската метропола”, потенцира Пајковски.
Најавената донација на BI и ERP софтвер за Град Скопје наменет за Јавните претпријатија, е во рамките на годишната програма за општествено полезни активности на Дуна Компјутери.
Јавни претпријатија во главниот град кои долги години функционираат врз УЛТИМА софтверската платформа се Водовод, Комунална хигиена, Паркови и зеленило и, делумно, Паркинзи на Град Скопје.