Овај двоец ќе заработи 176 милијарди долари оваа година од рекламирање, со што нивниот удел во интернет огласувањето ќе надмине 60%
WARC откри дека од 590,4 милијарди долари потрошени за рекламирање во светот минатата година, 144,6 милијарди евра (24,5%) се потрошени на “дуополот” Гугл и Фејсбук.
Уделот на дуополот во рекламирањето се зголеми од 20,3% во 2017 година и е повеќе од двојно повисок во однос на 10,8% во 2014 година. WARC предвидува понатамошно зголемување на 28,6% (176,4 милијарди долари) оваа година.
Гледајќи го само пазарот на онлајн рекламирање, дуополот Гугл и Фејсбук во 2018 година зеде половина (56,4%) на огласувачките буџети, а се очекува оваа година уделот да се зголеми на 61,4%.
Овој раст од друга страна значи истиснување на другите сопственици на онлајн-медиумите, со оглед на тоа што износот на парите што им се на располагање за прв пат е во пад за 0,7%, на 111.0 милијарди долари.
Истражувањето на WARC за дуополот Гугл-Фејсбук откри три главни трендови:
Google и Facebook директно се натпреваруваат за доминација на полето на видеата
Вредноста на онлајн видео огласувањето на 12 клучни пазари – Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Италија, Јапонија, Русија, Велика Британија и САД – изнесува 30,2 милијарди долари, што одговара на 21, 5% од линеарната телевизија, и рапидно се зголемува. Голем дел од тие пари се трошат на веб сајтовите на социјалните медиуми, вклучувајќи ги Фејсбук и Јутјуб (на пр. 86% или 1,9 милијарди фунти во Велика Британија).
И Гугл и Фејсбук се надеваат дека ќе ги привлечат буџетите на брендовите, насочувајќи се на таргетирано огласување. Се чини дека регулацијата претставува главна закана за растот на дуополот, кој во моментов не покажува знаци на значително забавување.
Google се бори против Амазон на два фронта за да ја одбрани својата доминација во полето за пребарување
Google обработува 63.000 пребарувања во секунда – но неговата доминација на пазарот на платено пребарување наскоро би можела да биде загрозена од Амазон. Гигантот за е-трговија развива свој бизнис за пребарување, во обид да ги поврзе огласувачите со потрошувачите на местото на купувањето.
WARC очекува Амазон да заработи 13,9 милијарди долари од реклами оваа година (во споредба на 107.4 милијарди долари на Google), со тоа што неговиот бизнис на реклаирање расте многу побрзо од Google. Во едно неодамнешно истражување на WARC, 69% од експертите за маркетинг рекоа дека имаат намера да ја зголемат својата инвестиција во Амазон оваа година.
Младите Американци ја напуштаат основната платформа на Фејсбук и се префрлаат на Инстаграм
Инстаграм е сега главниот двигател на растот на дневни корисници на Фејсбук, а проценките покажуваат дека дури 15 милиони корисници во САД ја напуштија основната платформа на Фејсбук од 2017 година.
Растот на популарноста на Инстаграм не остана незабележан од страна на маркетерите, бидејќи Инстаграм забележа нето зголемување на буџетот од 67% , што го позиционира пред Амазон со 63%, YouTube- со 60%, и Фејсбук со само 13%.
Фејсбук реагира на ова со фокусирање на услуга за размена на енкриптирани пораки за да ја врати довербата на потрошувачите и да изгради безбедна средина за онлајн плаќање. Минатата година, компанијата потроши 1,1 милијарда долари за рекламирање во светот, после скандалот со Кембриџ Аналитика.