Колку често станувате фрустрирани кога ќе здогледате дека на работите кои ги купувате стои мала нотификација дека батерии не се вклучени?
Многумина од нас во празничната еуфорија забораваат да го погледнат пакувањето и да го забележат малиот бел дел каде стои известување за батерии во сетот.
Duracell препознавајќи ја оваа потреба кај потрошувачите кои купуваат бројни играчки и подароци на батерии за подарување за време на Божиќните празници, оваа година реши да го промени својот бизнис модел и да ја задоволи потребата на потрошувачите за батерии со лансирањето на сервисот Duracell Express, сервис на повик за батерии.
https://www.youtube.com/watch?v=vRi2iXv3TCc
Креиранa од страна на Wieden + Kennedy New York, кампањата на Duracell Express имаше за цел да ги опслужи граѓаните на Chicago, Milwaukee и Minneapolis за Божиќ со помош на сервисот Postmates. Семејствата можеа да побараат посета во последен момент помеѓу пладне и полноќ, а доставувачите на батерии на Duracell веднаш батериите да ги достават до самиот влез на нивната врата.
Услугата и производите Duracell за време на оваа кампања беа сосема бесплатни.
‘’Повеќе од еден тон на батерии беа доставени до потрошувачите…’’, беа дел од насловите на новостите кои беа објавени за време на празниците.
Изненадувањата за да бидат уште поголеми за време на празниците светскиот шампион David Ross, поранешен игран на Chicago Cubs (сега под пензија), исто така беше дел од акцијата . Тој достави батерии за организацијата Toys for Tots Chicago, покрај бројните играчки.
Duracell секоја година донира 1 милион батерии секоја година за оваа хуманитарна организација.
“Како татко на 3 мали деца, сум се соочил со фрустрациите кои произлегуваат од заборавањето на батериите за играчките кои ‘’ги носи’’ Дедо Мраз’’, кажува и самиот Ross. “Бев многу среќен што успеав да го разубавам Божиќното утро на многу дечиња.”