Durex е еден од најхрабрите и “најбезобразни“ брендови кои се огласуваат во Кина. Во потполност се фокусирани на социјалните и дигиталните медиуми, со смешни вирални пораки кои се покажаа како хит меѓу младата популација. Во тој стил е и последната кампања на Durex кој навистина предизвика не само локално туку и глобално внимание (еве и во Македонија пишуваме за тоа :)). Тие “организираа“ три-часовен livestream на 50 парови во кревет.
Огласите кои го промовираа овој настан ставаа назнака на тоа дека луѓето не би требало да имаат превисоки очекувања. “Ова видео не ги вклучува повеќето работи кои ги замислувате“, пишува на еден од огласите.
Педесет парови седеа на белите кревети, покриени со бели кебиња… играјќи си со кутии кондоми. Исечоците кои се споделуваа на социјалните мрежи покажуваа парови кои прават гимнастика, јадат банани и разговараат. “Финалето“ на целата работа беше белиот чад кој излегуваше од огромната Durex кутија. Можеби тоа беше метафора за нешто сензуално и сексуално, но на некои тоа им симбилизираше дека околу “целата работа“ треба да се крева “само малку чад“.
После ова следуваа online дебати. Некои луѓе се сомневаа дека програмата навистина беше пренесувана во живо, па споделуваа исечоци кои прикажуваа “replay“ лого во аголот на екранот. Еден од луѓето кои коментираа на Weibo целата работа ја нарече “најдосадното шоу во историјата и најнеуспешниот случај на маркетинг во историјата на Durex“. Еден друг гледач даде ветувањње дека во иднина ќе ги користит само кондомите на другите брендови.
Од друга страна, луѓето дефинитивно разговараа за брендот, а според извештаите од кинеските медиуми, пет милиони луѓе го гледале преносот на повеќе видео платформи.
Durex и во минатото има реализирано слични активности, со неколку повеќечасовни емитирања на различни платформи каде луѓето можеа да тагираат видео записи со шеги и коментари. Спотовите имаат тронка апсурдност и воглавно ништо значајно не се случува, оставајќи така празно платно за шеги и коментари на корисниците. Во едно од тие видеа, на пример, имаше случај каде еден пар точно три часа стоеше пред апарат за продажба на кондоми…..и на крајот тие воопшто не завршија во кревет :)