Одличен одзив на онлајн публиката која се вклучи во првиот избор за “Жена на годината” .
Вкупно 434 луѓе ја искористија можноста активно да се вклучат во изборот за “Жена на годината 2021” и заклучно со 25.11.2021 онлајн да номинираат финалистки во секоја од 10-те категории во кои ќе се избираат дамите кои ја одбележаа оваа 2021 година.
Кандидатките со најмногу онлајн-номинации, заедно со предлозите кои ќе стигнат од стопанските комори и другите партнерски организации, ќе бидат дел од топ 5 листата на финалистки по категории за кои ќе гласа стручното жири составено од 10 претставници од организаторите, медиумии, компании, стартапи и стопански комори кои со своето гласање ќе ги одберат овогодинешните победнички.
Победничките ќе бидат официјално објавени и наградени со плакети на 16.12.2021 после завршувањето на конференцијата “200 жени претприемачки”. Наградната церемонија ќе започне во 13:30 часот.