Во новата 2014 година, Душан Дракалски, креативниот директор на Њу Момент, влегува како дел од ТОП 30-те креативни директори во светот според интернационалниот ранкинг PIAFYS за “сезоната“ 2013/2014.
PIAFS интернационалниот ранкинг на креативни директори ги рефлектира постигнувањата на најдобрите светски адвертајзинг фестивали. Топ фестивалите се поделени во три категории и секоја освоена награда на некој од нив носи определен број на поени.
Заклучно со 2 Јануари 2014 год., за PIAFS 2013/2014 ранкингот, во обзир се земени постигнувањата на следниве фестивали: Cresta Awards, Eurobest, Europe Cristal, Epica, Golden Drum, LIAA, Loerie, MIAF, Spikes Asia.
Со вкупно обезбедени 15300 поени, Дракалски, во новата 2014 година влегува рангиран на 30-тото место во светот, рамо до рамо со најдобрите креативни директори од најголемите светски адвертајзинг агенции.
Приматот бр.1 креативен директор во светот го завзема Mescall John, креативниот директор на МекКен Австралија следен од неговиот колега Baron Pat кој е второпласиран.
Од регионот, најдобро котира креативната екипа на Saatchi&Saatchi Белград, составена од Вељко Голубовиќ, Драгана Петковиќ и Жарко Вељковиќ кои заедно го делат 12-тото место.
Целиот ранкинг може да се види на овој ЛИНК.