Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum го најави Душан Дракалски за нов претседател на WHAT натпреварувачкото жири. Тој е главен креативен директор за Европа во компанијата Ray Productions во Чешка и е признат како еден од најкреативните и најискусни комуникациски експерти на Балканот. Тој е креативец и режисер кој создава наградувани и незаборавни кампањи во регионот и е добитник на една од најпрестижните награди во светот на огласувањето, Кански лав. Оваа година ќе го предводи WHAT жирито, кој ги препознава и ги наградува најдобрите решенија и најефикасните имплементации. Дракалски ја презема улогата на Jaime Mandelbaum, кој ќе биде отсутен поради неговите работни обврски.
“Јас сум дел од Golden Drum од почетокот на мојата кариера во огласувањето. Golden Drum одигра значајна улога во мојот живот и во мојот креативен раст. Тоа беше местото каде што првпат дојдов во контакт со креативци од целиот свет. Фестивалот отсекогаш помага да се изберат најдобрите од најдобрите од овој регион, а со текот на годините најголем дел од овие креативци победуваа и на фестивалите низ целиот свет. Чест ми е да помогнам во креирањето на креативната листа од регионот на Централна и Источна Европа за 2018 година. Се надевам дека заедно со сите членови на жирито ќе најдаме начин да ги препознаеме генијалците од овај регион. Се надевам дека ќе ги препознаеме вистинските креативни таленти и ќе им дадеме можност да заблескаат”, вели Дракалски.
Работата на Душан е препознаена на фестивалите низ целиот свет, вклучувајќи ги Cannes Lions, Eurobest, One Show, New York Festivals, Epica и многу други. Душан ја започна својата кариера во 1997 година во агенцијата Saatchi&Saatchi. После тоа, работеше како регионален креативен директор во компанијата New Moment New Ideas. Во 2016 година, беше именуван во Hall of Fame на Golden Drum. Истата година ја презеде функцијата извршен креативен директор во агенцијата Demner,Merlicek&Bergmann во Виена и ја предводеше оваа агенција во освојување на лавови две последователни години. Душан моментално ја држи позицијата на CCO во продукциската куќа VMLY&R и одговорен е за европскиот пазар.
Гостува на бројни настани, а член е на жирито на повеќето големи огласувачки фестивали, вклучувајќи и неколку пати на Golden Drum, The CUP наградите и два пати на Lions во Кан.
Повеќе информации за фестивалот може да се најдат на www.goldendrum.com.