Конечно се познати проектите кои стигнаа до самата завршница во изборот на дигитални проекти кои ја заслужуваат титулата најдобри во регионот. Повеќе од 80 членови на стручното жири пред себе имаа задача да ги изберат финалистите од дури 235 проекти пријавени за овогодинешното издание на натпреварот SoMo Borac.
Процесот на оценување се состои од два круга – во првиот круг жирито ги избра проектите кои влегоа во потесниот круг од секоја категорија, а сега следува вториот круг, кој вклучува избор на победници по категории кои ќе бидат наградени и соопштени на официјалната церемонија на доделување награди во Загреб.
Членовите на жирито за огласувачката секција имаа полни раце работа, бидејќи секцијата обединува дури 11 категории, вклучувајќи ја и новата категорија – „Digital product“. Претседателката на жирито, Ксенија Латковиќ Козарац, директорка за дигитални комуникации во Podravka, изјави: „Изборот на најдобрите проекти никогаш не е лесна задача, особено кога нијансите меѓу нив се клучни. Високо ги ценам напорите на сите колеги од огласувачкото жири кои со многу внимание и ентузијазам го завршија лавовскиот дел од работата и верувам дека заслужено ги избравме оние кои продолжуваат понатаму. Оваа година дигиталната сцена навистина блеска со иновации, а тоа одлично ќе го илустрираат делата кои ќе бидат наградени за помалку од десет дена“.
Во медиумската секција беше воведена и нова категорија – „Best Media Feature“, додека пак категоријата „Best storytelling“ забележа најмногу апликации. Маја Блуменшајн, директорка на одделот за нови медиуми на NovaTV, членка на Хрватското здружение на дигитални издавачи (HUDI) и воедно претседателка на медиумското жири, го коментираше овогодинешниот процес на оценување: „Тековната година беше особено напорна за медиумските редакции поради цела низа значајни политички, спортски и општествени настани. Во овие околности, вложувањето дополнителен труд за дизајнирање и имплементација на креативни проекти, кои имавме чест да ги оценуваме во оваа категорија, е голем успех сам по себе. Затоа од срце им честитам на сите мои колеги кои напорно работеа и со нетрпение го очекувам заслужениот собир на доделувањето награди и забавата на 25 октомври“.
Меѓу финалистите на SoMo Borac 2024 се најдоа и две македонски агенции, и двете во секцијата за огласување.
Агенцијата Saatchi & Saatchi Skopje и клиентот Македонски Телеком ќе бидат финалисти во категоријата „SoMo Growth“, благодарение на кампањата “Open up”.
Агенцијата New Moment New Ideas Skopje ќе се натпреварува со два проекти. Првиот реализиран во соработка со клиентот Макпетрол АД Скопје и насловен “Raise Your Voice Against Bullying”, успеа да влезе во финалето на три категории: „SoMo Social Strategy“, „SoMoRitanac“ и „Digital Mix“. Вториот проект е релизиран во соработка со клиентот Кока-Кола (насловен „Just Add Coca-Cola“) и влегува во натпреварувачката завршница во две категории: „SoMo Tech“ и „Digital Mix“.
Угледни регионални и европски експерти на SoMo Borac ќе го споделат своето знаење со цел позиционирање и развој на професијата во регионот, а по размената на знаења и искуства ќе следи добро познатата најдобра забава во градот, која нема да ги разочара учесниците ни оваа година. Сите проекти кои влегоа во финалето на овогодинешната награда можете да ги разгледате на следниот ЛИНК.
Не заборавајте да ја обезбедите вашата влезница на време. Сите новости поврзани со SoMo Borac можете да ги следите преку официјалниот билтен, како и на социјалните мрежи Facebook, Instagram и LinkedIn. Исто така, не ги пропуштајте новите епизоди од новата сезона на SoMoCast.