Јапонската маркетинг групација Dentsu соопшти две унапредувања во својата раководна структура со цел да го забрза развојот на компанијата и уште повеќе да ја поттикне трансформацијата во агилна организација насочена кон растот на клиентите.
Досегашниот генерален извршен директор за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка, Џулио Малегори, е унапреден во генерален оперативен директор на Dentsu Group на глобално ниво. Во оваа улога, Малегори ќе ја предводи и координира групата на регионални извршни директори на Dentsu и ќе ги надгледува односите со глобалните клиенти на групацијата со цел оптимизација на нејзината глобална стратегија за деловен развој и раст.
Второто унапредување ја вклучува Џин Лин, досегашна извршна директорка за култура, која ќе стапи на новосоздадена функција како Претседател за глобални практики на Dentsu Group. Таа ќе ги предводи и обедини клучните деловни пракити низ сите гранки на Dentsu со цел да го овозможи создавањето на уникатна вредност како глобален бренд од светска класа. Таа исто така ќе биде задолжена за унапредување на знаењето и трансформациските способности на Dentsu, негувајќи високо специјализирани таленти, воспоставувајќи целосен опсег на решенија и насоки за внатрешни и надворешни партнерства на компанијата.
„За да бидеме вистински партнер за раст на нашите клиенти, ние мора да ги поедноставиме и фокусираме нашите напори, создавајќи тимови кои можат да се консултираат, да развиваат идеи и брзо да се движат за да испорачаат вредна трансформација во широк обем. Со овие унапредувања, градиме структура која ќе ги негува и поврзува нашите длабоки области на експертиза, ќе ги интегрира нашите понуди на услуги додека гордо ги славиме нашите индивидуални брендови во мрежата и ќе воспоставиме разновидна креативност на глобално ниво каква што досега не сме виделе во Dentsu. Од срце им се заблагодарувам и им честитам на Џулио и Џин додека тие ја продолжуваат својата работа, заедно со нашите глобални лидерски тимови, да го понесат Dentsu во првите редови на трансформациите насочени кон луѓето кои го обликуваат општеството“ – истакнува Хироши Игараши, претседател и генерален извршен директор на Dentsu Group.