Пред неколку денови беше објавен последниот спот во кампањата „Step In – The Project Is Calling” („Пристапете – Проектот повикува“), создадена со цел промоција на најновата колекција на спортска опрема лансирана од страна на брендот Under Armour и популарниот бодибилдер, борач и актер Двејн Џонсон, попознат како „Карпата“ (The Rock).
Подбрендот „Project Rock“ беше лансиран пред три години, а за промоција на овогодишната колекција биле објавени дури 19 видеоспотови продуцирани во соработка со креативното студио DOMO.
Кампањата има за цел да активира „мајндсет“ на личен развој меѓу потрошувачите на Project Rock и нивно поврзување на подлабоко ниво со еден од највлијателните луѓе во светот. Во спотовите се појавува самиот Џонсон и повеќ други спортисти, кои на публиката ѝ овозможуваат да се препознае себеси во филмовите и да ги побара производите на Project Rock како основни елементи на нивното спортско патешествие.
„Project Rock е бренд на културна икона. Зборовите на Двејн Џонсон имаат тежина; тој има единствена моќ да ги зближи луѓето и да поттикне културно движење. Оваа кампања е повеќе од серија лансирања на производи – тоа е генеративна платформа која ги спојува Under Armour, Project Rock, Двејн Џонсон и нивните заедници во кохезија, отклучувајќи храброст, креативност, моќ и можности. За да го оживееме сето ова, ние бевме врската помеѓу внатрешните и надворешните партнери за да овозможиме длабока соработка која ќе ја поттикне нашата работа“ – истакнува режисерот на спотовите, Андре Стрингер, од студиото DOMO.