Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден го претстави новиот тим за комуникации во Белата куќа кој за прв пат во историјата на оваа земја е составен само од жени.
За портпарол на медиумите во Белата куќа е назначена Џен Псаки, која моментално е советник во тимот за транзиција на власта, а портпаролката на кампањата Кејт Бедингфилд е назначена за директорка за комуникации.
“Почестена сум што повторно работам за Џо Бајден, човекот за кого работев за време на администрацијата Обама-Бајден, додека помагаше во економското заздравување, ги обновуваше односите со партнерите (се покажа како добра пракса) и влеваше емпатија и хуманост во речиси секој состанок на кој присуствував“, наведе Џен Псаки на Твитер.
Карин Жан-Пјер ќе биде заменик портпаролка на Белата куќа, а досега беше висок советник во кампањта на Бајден.
President-elect Biden and Vice President-elect Harris today announced new members of the White House staff who will serve in senior communications roles.
For the first time in history, these communications roles will be filled entirely by women.https://t.co/SjWAWJg941
— Biden-Harris Presidential Transition (@Transition46) November 29, 2020
“Горд сум да објавам дека првиот тим за комуникации во Белта куќа се состои само од жени. Овие квалификувани и искусни комуникаторки носат различни перспективи во нивната работа и заеднички се посветени за подобро градење на оваа земја. Директната и искрена комуникација со американскиот народ е една од најважните должности на претседателот, а на овој тим ќе му биде доверена огромната одговорност на поврзување на американскиот народ со Белата куќа“, порача Бајден.