Американската банка Capital One ја објави својата нова Божиќна кампања насловена “Holiday Night Fever”, во која главната улога ја игра Џон Траволта – ѕвездата на диско-мјузиклот “Saturday Night Fever”.
Познатиот холивудски актер повторно се враќа во улогата на Дедо Мраз, во која одлично се вклопи уште пред 3 години во тогашната кампања на Capital One зедно со неговиот колега Семјуел Л. Џексон.
Меѓутоа, овој пат, Дедо Мраз не седи дома за да купува преку интернет, туку полн со самодоверба и „кулоќа“ се шета низ градските улици, користејќи ја максимално својата Capital One Quicksilver картичка која овозможува поврат на средства од 1.5% на секоја направена трансакција.
Спотот завршува на диско подиум, каде Џон Траволта, односно Дедо Мраз, ги покажува своите врвни танцувачки вештини, поттикнувајќи ги гледачите да си дадат „подарок сами на себе“ со опцијата за кешбек на Capital One.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција GSD&M.