EasyAds, водечката бугарска платформа за Performance огласување, и официјално го објави своето влегување на македонскиот online пазар со отворање на свое претставништво во Скопје.
Во моментов портфолиото на компанијата го сочинуваат над 25 македонски сајтови кои можат да се видат на следниов ЛИНК.
Канцеларијата во Македонија е предводена од Катерина Славова, која за Маркетинг365, по повод стартот на работа ја даде следнава изјава во однос на тоа кои бенефити ќе ги имаат огласувачите и медиумите од соработката со EasyAds:
“Тоа што треба да го знаат огласувачите за рекламирањето со помош EasyAds е дека добиваат масовна интернет реклама, со многу голема покриеност и мерлив ефект кој веднаш ќе можат да го приметат. Тие добиват не само видливост на рекламите (моментално во над 25 веб страни истовремено) и висок brand awareness, туку и гарантирана посетеност на нивните веб страни. А секоја посета на нивната веб страна е аналогична на влегувањето на клиент во продавница – пола од работата е веќе завршена. Потоа секој клиент може да реализира различен бенефит – онлајн продажба, регистрација за игра или детално запознавање на интернет корисникот со неговите производи/услуги.
На нашите клиенти им се допаѓа најмногу тоа што добиваат јасни и точни статистики, мерливи резултати и сигурна подршка од нашиот тим. Секојдневно дискутираме со нашите клиенти за тоа кои се за нив најдобрите решенија во светот на интернет рекламата, ги следиме нивните резултати и им помагаме со изборот на рекламни стратеги кои најуспешно би одговарале за нив.
А за сите веб страни кои учествуваат во мрежата на EasyAds основната предност е извесна – заработување на дополнителни приходи од нивниот рекламен простор без дополнителни обврски. За нас интересни се рекламни позиции кои не припаѓаат во така нарачениот „premium” инвентар (обично тоа се највидливите позиции во десниот горен дел на веб страната). Pay-per-click принципот на работа ни овозможува да работиме на сите останати позиции – обично во близина на текстот, каде исто така има концентрација на вниманието на читателот.“
Со влегувањето во Македонија, EasyAds ја проширува својата дејност за прв пат надвор од границите на Бугарија и со тоа им дава можност и на клиентите-огласувачи на бугарската платформа да ја прошират својата реклама и во Македонија.
За било какви дополнителни информации околу работата и можностите за соработка со EasyAds можете да ја контактирате канцеларијата во Македонија на следниов телефонски број: 077 441 044 или да го посетите нивниот веб сајт: https://easyplatform.com/mk/