Британскиот авиопревозник EasyJet лансираше нова европска кампања со која сака да ги инспирира луѓето повторно да се вратат на летањето и шетањето низ светот.
Во централниот спот на кампањата, кој зрачи со светли бои, топлина, позитивност и слобода, гледаме поголема група на луѓе кои се затрчуваат по авионска писта и надреално успеваат да полетаат во авионска формација – сé до нивните посакувани дестинации!
Покрај спотот кој ќе оди на телевизија, кампањата вклучува активности и преку други комуникациски канали како социјални мрежи и улични дигитални дисплеји.
Авиокомпанијата исто така не пропушти да ги посочи своите напори за поеколошки летови и намалување на сопствените јаглеродни емисии, од каде произлегува и името на кампањата „nextGen easyJet“ – како авиопревозник за новата еколошки освестена генерација.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција VCCP London.